» ДОМА

Logo

 Добродојдовте на најспортската Македонска интернет стана во Швајцарија

MakSchwyz

«МакШвиц 2012»
недела 26.02.2012


 

«МакШвиц 2011»

do gledanje...

Заврши 16-от по ред турнир во малфудбал «МакШвиц»

Во пријателска, спортска и ферплеј атмосвера заврши и 16-от хуманитерен турнир во малфудбал МакШвиц 2011. И покрај тоа што времето не беше наклонето на организаторот, се спроведе традиционалниот турнир во Швиц. Посетеноста беше како и секоја година на завидно ниво а организацијата, мислеме дека, немаше пропусти.
Натпреварите се одвиваа и покрај страсните акции во ферплеј атмосвера и пријателски.

фотографии од турнирот »»»

видео од турнирот:

# 01 »
# 03 »
# 05 »
# 07 »
# 10 »


МакШвиц, хуманитарен турнир во малфудбал, кој веќе по 16-ти пат се организира од страна на Фамилија Златанови.
Од идејата на Лазар Златанов да се направи еден турнир на кој ќе се сретнат неколку тимови на фудбалери-аматери, и на кој во почетокот присуствуваа околу седум до одум екипи на Македонски клубови од Швајцарија, турнирот израсна во вистинска институција со карактер на Македонски сенароден собир, на кој во последниве години заради непречено одвивање бројот на екипи учесници е ограничен на 20. Ова условува да некои од заинтересираните екипи бидат, и против волјата на организаторот, одбивани за учество на турнирот.
Но тоа не ги спречува, да со своето присуство на овој турнир/манифестација поминат неколку саати во пријателска атмосвера, со можност да се сретнат со многубројните посетители меѓу кој секој ќе најде свој роднина, пријател, комшија и тоа не само оние кои живеат и работат во Швајцарија. Во последниве години на турнирот земаат учество и екипи на Македонски друштва од Италија и Германија.

 

Се гледаме на Турнирот 2012 - МакШвиц

 

© MakSchwyz 2002-2011